ПЛАФОНИ

ПЛАФОНИ ОД МАЛТЕР (МОЛИРАНИ)

  • Со помош на пајалица се врши собирање на пајажиња и прашина или со усисувач за прашина со додаток-папуча со четка се усисува површината на плафонот.

ПЛАФОНИ ОД ФАРБАН ЛИМ (ХАНТЕР ДАГЛАС, ЛИМЕНИ ПЛОЧИ..),ПЛАСТИЧНА И ДРВЕНА ЛАКИРАНА ЛАМПЕРИЈА ..

  • Со пајалица се собираат пајажиња;
  • Потоа се врши влажно пребришување со помош на плочкаста мопа и универзално средство за малку валкан плафон а за многу валкани-замастени плафони се користи средство за одмастување;
  • Откако ќе се разложат се врши отсранување на нечистотиите и сушење на површините со сува навлака на плочкастата мопа по можност навлака од микрофибер (волшебна);
  • Лимени плочи во рамки-носачи може да се демонтираат-симнат пребришат од двете страни со истите горни средства и прибор и монтираат.

ПЛАФОНИ ОД ГИПС, АЗБЕСТ И ДР. МАТЕРИЈАЛИ (КИГ, АМСТРОНГ..)

  • Со помош на пајалица се врши собирање на пајажиња и прашина или со усисувач за прашина со додаток-папуча со четка се усисува површината на плафонот;
  • По потреба може да се врши демонтажа-симнување на плочите нивно усисување од двете страни, влажно пребришување на рамките-носачите и монатажа на плочите.

СВЕТЛЕЧКИ ТЕЛА НА ПЛАФОН И ЗИДОВИ

НЕОНСКИ СВЕТИЛКИ

  • Се врши симнување на рефлекторската решетка или пластичниот капак па се пребришуваат со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа па се монтираат истите но предходно се врши пребришување и на куќиштето и неонките на неонската светилка.

ЛУСТЕРИ

  • Во зависност од типот на лустерот се врши собирање на пајажината и прашината со пајалица или крпа;
  • Доколку има стаклени или други мазни површини се врши пребришување со универзално или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа;
  • Доколку постои можност за демонтажа на украсни стаклени или порцелански елементи се мијат со средство за садови па исушени се монтираат.

ВГРАДЕНИ СВЕТИЛКИ

  • Се врши пребришување со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа на сите достапни делови.

ЗИДЕН ИНВЕНТАР

УКРАСНИ СЛИКИ, ЧАСОВНИЦИ, ПРЕКИНУВАЧИ, ШТЕКЕРИ, ПОЛИЦИ, ОГЛЕДАЛА, КЛИМАТИЗЕРИ....

  • Се врши влажно пребришување со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа на сите достапни делови по потреба се користи абразивно средство или други соодветни средства во зависност од материјалот на инвентарот.

ВРАТИ И ПРОЗОРИ....

  • Се врши влажно пребришување на рамките, касите и парапетите со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа по потреба се користи абразивно средство или други соодветни средства во зависност од материјалот и нечистотиите;
  • Стаклените површини се пребришуваат со средство за стакло со помош на крзнен ваљак,сунгер или крпа, се жилетираат па повторно се пребришуваат со средството и со гумица за стакло или сува волшебна или обична крпа се сушат.

ВНАТРЕШНИ ЗИДОВИ

ЗИДОВИ ОД МАЛТЕР (МОЛИРАНИ)

  • Со помош на пајалица се врши собирање на пајажиња и прашина или со усисувач за прашина со додаток-папуча со четка се усисува површината на зидот.

ЗИДОВИ ОД ФАРБАНИ МАТЕРИЈАЛИ, ОПЛЕМЕНЕТА ИВЕРИЦА, ЛАМПЕРИЈА,РАФАЕЛО.....

  • Се врши влажно пребришување со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа на сите достапни делови по потреба се користи абразивно средство или други соодветни средства во зависност од материјалот и нечистотиите на зидот.

ЗИДОВИ ОД КЕРАМИЧКИ ПЛОЧКИ,.....

  • Се врши влажно пребришување со универзално средство или средство за санитарии со помош на памучна или волшебна крпа по потреба се користи абразивно средство и абразивна крпа или средства за одмастување на фуги.

ИНВЕНТАР-ПРЕДМЕТИ ВО ПРОСТОРИИ

НАМЕШТАЈ ОД ОПЛЕМЕНЕТА ИВЕРИЦА, ЛАКИРАНО ДРВО, ОД ЛАМИНАТИ, ОД ПЛАСТИКА....

  • Се врши влажно пребришување со универзално средство или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа на сите делови;
  • По потреба се користи абразивно средство или други соодветни средства во зависност од материјалот на инвентарот;
  • По извршеното пребришување по потреба се нанесува политурно средство со памучна крпа освен на високосјајни површини каде не се користи политура.

НАМЕШТАЈ ОД ПРИРОДНА И ВЕШТАЧКА КОЖА

  • Се врши влажно пребришување со растворено универзално средство со помош на памучна или волшебна крпа;
  • По извршеното пребришување се нанесува средство за заштита и нега на кожа со памучна крпа.

НАМЕШТАЈ ОД МЕБЕЛ ШТОФ, МИКРОФИБЕР....

  • Се врши усисување на површините па со помош на четка за рибање или сунгер со абразивен дел и средство за теписи и мебел штоф се рибаат површините од мебел штоф;
  • На местата каде има изразени дамки се користи средство за дамки;
  • По можност после сушењето на рибаните површини се врши усисување на истите.

РАЗНИ ТЕХНИЧКИ АПАРАТИ....

  • Се врши влажно пребришување со лесно испарливи средства или средство за стакло со помош на памучна или волшебна крпа на сите делови, по потреба се користи абразивно средство или други соодветни средства во зависност од материјалот на инвентарот.

САНИТАРНИ ЕЛЕМЕНТИ....

  • Се врши влажно пребришување со средства за санитарии со помош на сунгер со абразивен дел или памучна или волшебна крпа на сите делови,
  • По потреба се користи абразивно средство, средство за бигор или други соодветни средства во зависност од материјалот на санитарните елементи.
  • За ВЦ шолја се користат средства за чистење на истите.
  • Чешмите и други пониклувани или облагородени санитарни елементи не се чистат со средство за санитарии туку со срество за бигор.

КУЈНСКИ ЕЛЕМЕНТИ....

  • Доколку има можност најпрво се поместуваат елементите па се врши влажно пребришување со универзално средство со помош на сунгер со абразивен дел или памучна или волшебна крпа а по потреба и абразивна жица на сите внатрешни делови,
  • По потреба се користи абразивно средство, средство за бигор,средство за одмастување во рерни или други соодветни средства во зависност од материјалот на кујнските елементи.
  • Потоа се пребришуваат сите надворешни површини користејќи ги истите соодветни типови на средства и прибор.

ПОДОВИ

РАЧНО ЧИСТЕЊЕ ТОПЛИ ПОДЛОГИ (ТЕПИСОН,ТЕПИХ,КИЛИМ.....)

  • Се врши усисување на површините па со помош на четка за рибање или сунгер со абразивен дел и средство за теписи се рибаат површините. На местата каде има изразени дамки се користи средство за дамки. По можност после сушењето на рибаните површини се врши усисување на истите.

РАЧНО ЧИСТЕЊЕ ТВРДИ ПОДОВИ(ПАРКЕТ,ЛАМИНАТ,КЕРАМИКА,МЕРМЕР,ГРАНИТ,ТЕРАЦО,ЛИНОЛЕУМ,ВИНАС.....)

  • Се врши метење со четка метла од природно влакно на површините па со помош на сунгер со зелен абразивен дел и универзално средство се рибаат дамките и др. многу валкани поедини површини, потоа се врши бришење на севкупната површина со помош на плочкаста или ресеста мопа и соодветни средства за паркет или подни плочки.

МАШИНСКО ПЕРЕЊЕ ТОПЛИ ПОДЛОГИ (ТЕПИСОН,ТЕПИХ,КИЛИМ.....)

  • По потреба најпрво се врши суво усисување на површините, па рачно третирање на дамките со средство за флеки и рибачка четка (предперење) за да потоа со помош на машини со кружноротациони четки за рибање и средство за теписи растворено во вода се рибаат површините со цел разложување на нечистотиите кои потоа се собираат со хидроусисувач со кој се врши и сушење на површините. По можност после сушењето на рибаните површини се врши усисување на истите.

МАШИНСКО ЧИСТЕЊЕ ТВРДИ ПОДОВИ (ПАРКЕТ,ЛАМИНАТ,КЕРАМИКА,МЕРМЕР,ГРАНИТ,ТЕРАЦО,ЛИНОЛЕУМ,ВИНАС.....)

  • По потреба најпрво се врши метење на површините, па потоа со помош на машини со кружноротациони четки или филцови за рибање и средство за подови растворено во вода се рибаат површините со цел разложување на нечистотиите кои потоа се собираат со хидроусисувач со кој се врши и сушење на површините.

ПРЕМАЧКУВАЊЕ, ЗАШТИТА И ПОЛИРАЊЕ ТВРДИ ПОДОВИ (ПАРКЕТ,ЛАМИНАТ,КЕРАМИКА,МЕРМЕР,ГРАНИТ,ТЕРАЦО,ЛИНОЛЕУМ,ВИНАС.....)

  • На предходно добро исчистените и исушени површини се врши нанесување на заштитна дисперзна емулзија во еден до три слоја со помош на плочкаста мопа. Помеѓу нанесувањето на секој слој се чека предходниот слој да се исуши.
  • По сушењето на последниот слој се врши полирање со машина со кружноротацион - диск систем со голем број на обртаи и со помош на филцови за полирање (бел или црвен).

РАЗНИ ПОЗИЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ПЕРЕЊЕ

МАШИНСКО ПЕРЕЊЕ ВО СЕРВИС ТОПЛИ ПОДЛОГИ (ТЕПИСОН,ТЕПИХ,КИЛИМ,КЕБЕ,ЧЕРГА,ЈАМБОЛИЈА.....)

  • По потреба најпрво се врши суво усисување на површините, па рачно третирање на дамките со средство за флеки и рибачка четка (предперење), целосно натопување со малаз од вода за да потоа со помош на машини со кружноротациони четки за рибање и средство за теписи растворено во вода се рибаат површините со цел разложување на нечистотиите кои потоа се плават со млаз од вода и исцедуваат со рачен џогер се додека водата што се исцедува не биде чиста.
  • По потреба се става растворен омеквувач или фиксер за бои на база на техничка оцетна киселина.Се става со помош на шипка на висечка сушара на сушење.
  • Откако ќе се исцеди (немора целосно да е сув) се врши белење на ресите доколку ги има со тоа што најпрво ресите рачно се перат со детергент па се плават, се нанесува растворено белило (натриев хипохлорид) па се плават.
  • Потоа се оставаат на сушарата до целосно сушење кое е природно но заштитени се од директно дејство на сончеви зраци.

ВНАТРЕШНО ХЕМИСКО ПЕРЕЊЕ ВОЗИЛА

  • По потреба најпрво се врши суво усисување на внатрешните површини-тапацири, патосници, штоф.. па рачно третирање на дамките на истите површини со средство за флеки и рибачка четка (предперење).
  • Со помош на машина со убригувачка дизна за средство за возила растворено во вода која во исто време врши усисување на растворот кој поминува низ материјалите и ги разложува нечистотиите се третираат сите површини (плафон од платнен материјал, сите тапацири, седишта, платно во гепек, патос....).
  • Пластичните материјали (рачки, облоги, шалт маска идр. ) најпрво се чистат со универзално средство и памучна крпа (по потреба се користи абразивно средство и абразивна крпа) па откако ќе се исушат се премачкуваат со политурно средство за пластика.
  • По извршеното внатршно перење се врши надворешно перење на возилото.

НАДВОРЕШНО ПЕРЕЊЕ ВОЗИЛА

  • Возилото се прска со млаз од вода со помош на компресор или директно од црево, се мие надворешната површина заедно со тркалата со сунгер и средство за перење возила.Нечекајќи да се исуши возилото повторно се прска- плави со млазот од вода па се врши сушење со помош на крпа за возила (еленска кожа).Стаклата се бришат и внатрешно.

ВНАТРЕШНО ЧИСТЕЊЕ ВОЗИЛА

  • Се врши суво усисување на внатрешните површини-тапацири, патосници, штоф.. па рачно третирање на дамките на истите површини со средство за флеки и рибачка четка (предперење).
  • Пластичните материјали (рачки, облоги, шалт маска идр. ) најпрво се чистат со универзално средство и памучна крпа (по потреба се користи абразивно средство и абразивна крпа) па откако ќе се исушат се премачкуваат со политурно средство за пластика.

ПЕРЕЊЕ ВАРИОЛАЈТ ЗАВЕСИ

  • Се собираат завесите на една страна, се поставува тушот со кесата до кадата-резервоар за растворот од машината за перење вариолајт завеси.
  • Се прави раствор за завеси со средството за перење вариолајт завеси па се уклучува машината да врши туширање со растворот кој процес трае околу половина час.
  • Откако ќе заврши перењето се демонтитра тушот и враќат завесите на место. Се контролира функционирањето на лизгачкиот систем и по потреба се менуваат лизгачи, тегови, ланчиња, носачи....



20 години Заедно со Вас

-ТЕХНО-ЧИСТ оваа година го одбележува своето 20 годишно успешно работење, развој...
Прочитај повеќе


Најнови светски трендови во хигиената

Како најнова информација за нашата компанија, би сакале да ја издвоиме нашата соработка со светскиот лидер...
Прочитај повеќе


Заокружена стандардизација

Покрај ИСО 9001 : 2008 ТЕХНО-ЧИСТ во текот на 2011 година стекна уште два нови сертификати за имплементирани системи ...
Прочитај повеќе